Ветеринарна Болница Скопје ви нуди целосно покривање на грижата за здравјето на вашите животни, независно дали се тоа миленичиња или добиток. За животните по потреба ќе се погрижиме во модерно опремената болница, мрежата од ветеринарни станици или по повик на терен.
Нашата Болница ви ги нуди следниве услуги:
- Прегледи и лекувања на сите видови животни
Редовни и дијагностички прегледи на сите видови животни
- Хируршки интервенции
Екипираниот персонал и современата опрема овозможуваат изведување на секаков вид хируршки зафати
- Клиничко лабораториска дијагностика
Нашата лабораторија е опремена за изведување на следните дијагностички тестови:
- Џардијаза
- Тенија
- Беснило
- Штенечак
- Лишманија
- Панлеукемија кај мачки
- Парвовироза
- Инфективен хепатитис кај кучиња
- Ултразвук дијагностика
Ултразвучниот преглед е дијагностичка техника што овозможува визуализација на структурата на телото на животното и неговите органи, како што се хепарот, бубрезите, мускулите и тетивите, слезината, срцето итн. Овој преглед е удобен за вашиот миленик и овозможува точна и брза дијагноза
- Вакцинација
- Поливалентни вакцини
- Беснило
- Штенечак
- Свинска чума
- Црвен ветер
Вештачко осеменување и сузбивање на стерилитет
Дезинфекција
Рентген
Рентген дијагностиката е неопходна за дијагностика на многу заболувања, посебно кога се работи за скршеници, исчашувања, артритични промени, тумори и многу други патолошки состојби.
Издавање документи за транспорт преку граница
За да може вашето милениче да влезе во друга земја, мора да има посебни документи со кои се потврдува здравствената состојба на животното. Овие документи, влкучувајќи ја и крвната анализа задолжителна за патување во земјите на ЕУ, можете да ги извадите во нашата болница