• (02) 3115 105
  • (02) 3115 756
  • 075 404 200
лого Ветеринарна болница Скопје
грижа за животните 24/7 

  

Опасноста по вашето милениче во летните денови

На почетокот сме на летото и веќе ги чуствуваме високите температури и силината на сончевите зраци.

Кои се опасности, демнат  во овој временски период по здравјето на вашето милениче.

ОПАСНОСТ ОД ТРУЕЊЕ СО  РАСИПАНА ХРАНА-

Најнапред ќе ве потсетам на можните проблеми со органите за варење, предизвикани од расипана храна.Внимавајте, храната што ја давате на вашето милениче секогаш да биде свежа и истата подолг временски период да не биде изложена на високи надворешни температури, кои предизвикуваат истата да се расипе.Со еднакво внимание, треба да постапите , и со храната која ја чувате во ладилникот.  Истата потребно е по нејзиното  вадење од ладилникот , да ја добие собната температура, и така прилагодена да ја дадете на вашето милениче.Истото се однесува и за водата, која не смее да биде премногу ладна од ладилникот, туку напротив  на собна(нормална) температура , треба да му биде достапна на вашето милениче преку целото деноноќие.

Не треба , да ве загрижува намалениот апетит на вашето милениче преку ден, од причина што претставува нормална реакција  на високите температури. Затоа препорачливо е оброкот да биде во вечерните часови, кога температурата на воздухот ќе се намали.

Вообичаено е возрасните кучиња, да се хранат еднаш дневно,особено големите раси.Па затоа практикувајте оброкот да биде навечер или рано наутро, кога надворешните температури се пониски.Не  ја оставајте храната која не е изедена во садовите за храна,затоа што  под дејство  на високите температури може брзо да се расипе, а тоа доведува до опасност  од  труење  на вашето милениче со раcипана храна.

Симптоми од труење на вашето милениче со расипана храна  ce повраќање,малаксалост, проливи (ретка столица)...

 

-ОПАСНОСТ ОД СОНЧАНИЦА-

Избегнувајте ги прошетките со вашето  милениче, во попладневните часови  кога се најсилни сончевите зраци.

Несаканите последици се сончаница,дезорјентираност, малаксаност и мачнини кај вашето милениче.Прошетките на вашиот миленик по врелиот асфалт , како и по врелиот песок на плажите, може да предизвика изгореници по шепите, особено кај понежните раси кои се чуваат во домашни услови.

-ОПАСНОСТ ОД ТОПЛОТЕН УДАР

Доколку планирате да патувате и со вас да го земете и вашето милениче, а возилото не ви е климатизирано, направете го тоа во период од денот, кога надворешната температура е пониска.

Доколку патувате со возило кое поседува климатизација, препорачливо е да доколку надворешната температура во местото на вашето пристигнување е висока,  и постои голема температурна разлика , помеѓу внатрешната на возилото и надворешната , потребно е истата пред пристигнувањето, за неколку степени да ја прилагодите на надворешната, од причина вашето милениче  да не претрпи температурен шок , во моментот кога ќе го напуштате возилото.

При транспорт , на вашето милениче на подолги релации, во овие топли летни денови, секогаш со себе понесете и свежа вода. За време на паузите  во текот на вашето патување, не смеете да си дозволите  вашето милениче да остане во возилото, затоа што постои голема веројатност температурата  во паркираното возило за многу кратко време да достигне неверојатно висок степен. И покрај тоа што  сте ги оставиле подоoтворени прозорците од возилото ,вашето милениче е изложено на  голема и најчеста опасност , да доживее топлотен удар, кој може да заврши несакано по животот на вашето милениче.

Не ги заборавајте, редовните ветеринарни контроли,превентивни вакцини почистување на вашето милениче од надворешни и внатрешни паразити.

Ви посакувам пријатно и убаво лето.

ДВМ- Драган Алексов

Ветеринарна Болница Скопје

 

 

 

ул. Лазар Поп Трајков бр. 5-7, нас. Автокоманда, Скопје