• (02) 3115 105
  • (02) 3115 756
  • 075 404 200
лого Ветеринарна болница Скопје
грижа за животните 24/7 

  

Идеалната температура и бујната вегетација мамат на прошетка со вашето милениче по разеленетите паркови. Но во зелената трева демне опасноста по вашето куче - крлежот. Влажното и топло време е идеално за размножувањето на овој опасен паразит.

     Каква опасност претставуваат крлежите по здравјето на миленичињата? Порај предизвикувањето локални инфекции по кожата и вознемиреност кај животното, при поголеми инвазии можат да предизвикаат нарушување на општата здравствена состојба, а исто така и да пренесат некои озбилни вирусни и паразитарни болести

 Како да ги заштитиме миленичињата и себеси од крлежите?

   Доколку живеете во куќа, тревникот и местото кадешто престојува вашето милениче треба редовно да се дезинфицираат  со ефикасно средство против крлежи и болви.

    Редовно тимарење и контрола на крзното по секоја прошетка: доколку приметите по кожата или крзното несакани посетители, веднаш треба да се истретира целото крзно со соодветно средство и да се консултирате со Вашиот ветеринар.

    Препорачливо е пред секоја сезона превентивно да се аплицираат средства за заштита од сите видови надворешни и внатрешни паразити.

      За добро здравје на Вашите миленичиња, редовно консултирајте се со Вашиот ветеринар и спреоведувајте ги неговите упатства и совети 

ДВМ Драган Алексов

Ветеринарна Болница Скопје

ул. Лазар Поп Трајков бр. 5-7, нас. Автокоманда, Скопје