• (02) 3115 105
  • (02) 3115 756
  • 075 404 200
лого Ветеринарна болница Скопје
грижа за животните 24/7 

  

      ПАТУВАЊЕ со вашето милениче, надвор од нашата земја и потребна документација

Време е на годишни одмори.

Доколку планирате да го земете своето милениче со вас, накратко потребно е да ги превземеете следните активности.

За да ви биде дозволено, да го изнесете вашиот миленик надвор од границите на нашата држава,  потребно е да обезбедите соодветна документација односно сертификат за транспорт.

Сертификатот за транспорт, преку границата на нашата земја, ви е потребен за сите животни, а истиот за да го извадите, потребно е да исполните неколку услови кои се посебни, а се условени  и зависат од видот на животното.

Што ви е потребно , за да добиете , соодветен сертификат за транспорт- преку граница, доколку вашето милениче е куче или маче.

Најнапред е потребно , вашето милениче, да биде вакцинирано против беснило, во согласност со  важечката законска регулатива во Република Македонија.Истото да биде трајно обележано со микрочип.

Непосредно пред вадењето на сертификатот за транспорт, да биде прочистено од внатрешни паразити .Потребно е исто така  да се аплицира  соодветен протектор од надворешни паразити.

Процедурата-постапката за добивање на сертификатот, ја започнувате  најпрвично , со посета  ваша и на вашиот миленик  кај  ветеринарен доктор . Ветеринарниот доктор, ќе изврши  детален клинички преглед на вашето милениче и по извршениот преглед, ќе добиете соодветен сертификат за здравствената состојба на истото.

Во сертификатот за здравствената состојба на вашето милениче,ќе бидат наведени датумите кога е вакцинирано  против Беснило,кој му е бројот на микрочипот, кога и и со кои средства е заштитено од внатрешни и надворешни паразити.  Врз основа на вака издаденот сертификат за здравствена состојба , потребно е да отидете кај овластениот  ветеринарен инспектор, за да го извадите сертификатот за транспорт во кој ќе биде наведена и крајната дестинација каде сакате да отпатувате со вашето милениче.

Ова е постапката и потребната документација  за транспорт, во земјите кои не се членки на Европската Унија.

 Доколку патувате , во земја членка на Европската Унија, ќе  ви биде потребен уште еден документ,за да може да ви биде издаден сертификат за транспорт на вашиот миленик.Тоа е документ со кој ќе се докаже , дека вашето милениче е вакцинирано против Беснило и поседува -има титар  на антитела.

 Процедурата – постапката за добивање на овој  документ е следната.Вашето куче или маче, треба да биде вакцинирано против Беснило со соодветна вакцина. Не порано ниту подоцна од еден месец од извршената вакцинацијата( во овој период од еден месец вашиот миленик  поседува најмногу антитела против беснило), ќе  го однесете вашиот миленик кај вашиот ветеринарен доктор , да му се извади крв, која ќе биде проследена во соодветна референтна лабараторија  на испитување.

Откако ќе ги добиете резултатите од испитаната крв,можете да ја започнете  постапката за вадење – добивање на сертификатот за транспорт преку граница на вашето милениче.

Среќен пат и имајте пријатен годишен одмор .

 ДВМ- Драган Алексов

Ветеринарна Болница Скопјe

ул. Лазар Поп Трајков бр. 5-7, нас. Автокоманда, Скопје